Искористување на потенцијалот на дигиталните алатки за зајакнување на учеството на младите во демократскиот живот на ЕУ
Советот на Европа наведува дека учеството на било која заедница во демократскиот живот е многу повеќе од гласање или кандидирање за избори. „Учеството и активното граѓанство се однесува на имање право, средства, простор и можност и каде е потребно поддршка да се учествува и да се влијае на донесувањето одлуки и вклучување во акции и активности за да се придонесе за градење на подобро општество“.
Да се поттикне учеството на младите во демократскиот живот значи да се зајакнат и да им се обезбедат средства и начини да станат главни актери на нивниот живот и на нивниот свет.
#YouEU е Европски проект кој има за цел повторно зајакнување на односот на Европската младина со ЕУ и промовирање на активно учество на младите во демократскиот живот на ЕУ со искористување на потенцијалот на дигиталните алатки и промовирање на е-учество.
Кој ќе биде
вклучен?
01.
Млади на возраст од 16-26 години
02.
Младински и граѓански организации кои работат во сферата на активно граѓанство, човекови права и демократија
03.
Формални и неформални образовни институции и организации
04.
Локални регионални и национални васти во полето на образование, млади, европски прашања и граѓанство
05.
Официјални претставници на политиките на ЕУ во полето на образование, млади, коминикиација и граѓанство
ПАРТНЕРСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Центар за семејно и детско згрижување – КМОП Скопје е граѓанска организација, која е регистрирана како локално Здружение на граѓани и работи автономно, но се потпира на богатото искуство на КМОП во корист на ранливите групи во државата.
SDRUZENIE ZNAM I MOGA е невладина организација, основана во 2007 година во Софија, Бугарија. Работи на национални и европски проекти, кариерно советување, личен и професионален развој, обуки за претприемачки вештини, програми, курсеви и активности во сферата на неформалното образование и обука.
Be known е компанија за комуникациски услуги и рекламирање со седиште во Атина, која главно обезбедува услуги во Грција.
Универзитетот во Пелопонез е основан во 2000 година со визија за генерирање, споделување и промовирање на научни знаења преку истражување и настава; зајакнување на интердисциплинарна локална, регионална и меѓународна соработка и синергија; почитување на различноста и мултикултурализмот; и зајакнување на интернационализацијата на истражувањето и наставата.
Die Berater се фокусира на стручна обука и образование на возрасни и развој на човечки ресурси.
INCOMA е агенција за обука и истражување со седиште во Севилја (Шпанија) со големо искуство во развој и координација на меѓународни проекти главно финансирани во рамките на програмите на ЕУ, особено во областа на образование, обука и истражување.