АКТИВНОСТИ

#YouEU пакет на алтики за е-учество во демократскиот живот на ЕУ

Развиениот пакет алатки ќе одговори на потребата за идентификација и достапност на конкретни алатки од областа на е-учеството и е-демократијата. Додадената вредност на оваа активност е тоа што таа ќе истражува и ќе направи преглед на европско ниво, ќе се изработи анализа која ќе биде достапна во една современа публикација за употребата на дигитални алатки за учество и активно граѓанство на сите нивоа. Пакетот со алатки ќе биде достапен во форма на е-книга на македонски, англиски, грчки, австриски, бугарски и шпански јазик и ќе биде од корист за младите, младинските организации, граѓанските организации, како и за формалните и неформалните образовни институции.

#YouEU Е-курс за учеството и вклученоста во демократскиот живот на ЕУ

Е-курсот #YouEU има за цел информирање и едукација на младите за активното граѓанство и учеството во демократскиот живот на ЕУ преку употреба на дигитални алатки. Ќе биде наменет за младите за да го унапредат своето знаење и да го зголемат нивниот интерес за прашањата поврзани со ЕУ, но ќе биде корисен и за: младинските организации кои можат да го пренесат и да го користат во нивната работа; давателите на неформално образовние кои можат да го вклучат во нивните обуки; училишните власти кои можат да ги користат материјалите со ученици на возраст од 16-18 години на часовте по Граѓанско општество и Историја. Е-курсот ќе биде достапен на македонски, англиски, грчки, австриски, бугарски и шпански јазик и целосно дигитално поставен и хостиран на платформата #YouEU.

#YouEU дигитална платформа за промоција на е-учеството

Дигиталната платформа #YouEU за промовирање на младинско е-учество ќе дејствува како дигитален транснационален јавен простор што ќе ги обедини младите од партнерските земји и на крајот од цела Европа да комуницираат, да споделуваат прашања и да градат заеднички ставови. Целта на платформата ќе биде да функционира како простор за учење, соработка и размена на мислења помеѓу младите со цел да учат преку учеството во демократскиот живот на ЕУ.